Трамп: Иран никогаш не смее да се остави да произведе нуклеарно оружје

Од:

На Иран никогаш не треба да му се дозволи да произведе нуклеарно оружје, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за време на својата посета на Ерусалим.

– САД и Израел се согласуваат дека Иран никогаш не треба да има нуклеарно оружје и треба да прекине финансирањето, обуката и вооружувањето на терористи и милитантни групи, истакна Трамп во присуство на израелскиот претседател Реувен Ривлин.

Според него, арапските соседни земји сфатиле дека заканата од Иран е нешто што ги обединува со Израел.

Во Саудиска Арабија тој се сретна со лидерите на сунитските држави од Персискиот Залив, од кои повеќето го обвинуваат Техеран дека предизвикува конфузија во нивните земји.

Трамп изрази оптимизам за мировниот процес со Палестинците, нагласувајќи дека на народот му е доста од крвопролевања и има огромна желба за мир на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма