Tрамп има предност пред Харис покажуваат анкетите

Од:

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп има предност на анкетите во однос на актуелната потпретседателка и демократска кандидатка Камала Харис за четири процентни поени, покажува истражувањето на компанијата „Расмусен рипортс“.

„49 отсто од гласачите би гласале за Трамп, додека 45 отсто од гласовите би отишле за Камала Харис“, покажува анкетата.

Дополнително, три отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за друг кандидат, а уште два отсто се неопределени.

Анкетата е спроведена на 8, 11, 12, 13 и 14 август меѓу 1.885 веројатни гласачи во САД.

Претседателските избори во САД имаат две фази. Во првата фаза, гласачите во секоја држава гласаат за претседателски кандидати. Победничкиот кандидат ги добива сите изборни гласови на државата. Бројот на електорите е еднаков на бројот на конгресните области во државата, вкупно 538. Затоа, поддршката на мнозинството гласачи не гарантира победа на кандидатот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Откриени нови, но бројни пропусти во обезбедувањето на Трамп

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Трамп: Нема да има нова изборна дебата со Камала Харис

Горан Наумовски

Трамп: Бајден не знаеше како да разговара со Путин и сега милиони се мртви

Горан Наумовски