Трамп и Папата разменија подароци

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп и папата Франциско разменија подароци денеска по средбата во Ватикан.

Американскиот претседател и поглаварот на Римокатоличката црква разговараа изутринава околу половина час.

Папата му ги подари на Трамп своите три главни учења, кои претежно им ги подарува на шефовите на држави кои го посетуваат.

Поединечни главни теми содржани во тие учења жестоко се спротивставуваат на политиката на Трамп и на неговите ветувања дадени за време на предизборната кампања, особено на полето на заштитата на животната средина и нееднаквоста во приходите.

Трамп на папата му ја подари книги од Мартин Лутер Кинг и изјави оти се надева дека ќе ужива во нив.

Состанокот меѓу Трамп и папата е одржан зад затворени врати. Трамп беше придружуван од неговата сопруга Меланија, која во оваа прилика за разлика од посетата на Саудиска Арабија носеше марама на главата, што е во согласност со протоколот на Ватикан.

Американскиот претседател допатува во Италија откако ја заврши посетата на Израел.

Би можело да ве интересира

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Путин го пофали Трамп, му нуди руски, но и украински минерали

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп