Трамп и Болсонаро разговараа за истражувањата за хидроксихлорокин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро разговараа за заедничка истражувачка работа за употреба на лекот против маларија хидроксихлорокин како профилакса и за лекување на коронавирусот, соопшти денеска Белата куќа.

Трамп и Болсонаро изразија взаемно почитување во врска со долгорочната соработка меѓу двете држави за здравствени проблеми, се истакнува во соопштението.

Двајцата претседатели разговараа и за испорака на два милиони дози на лекот од САД во Бразил и за заеднички напори за истражување за да се помогне понатамошната проценка на безбедноста и ефикасноста на хидроксихлорокинот и за профилакса и за лекување на коронавирусот во рана фаза.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија