Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги предупреди Иран и неговите сојузници да не ги напаѓаат американските трупи или имотот во Ирак, наведувајќи ја можноста за изненаден напад врз Иран, но без да даде други детали.
„Врз основа на информации и верувања, Иран или неговите сојузници планираат изненадувачки напад врз американските трупи или имот во Ирак. Ако се случи тоа, Иран навистина ќе плати многу висока цена“, напиша Трамп на Твитер.