Трамп го назначи министерот за транспорт Шон Дафи за привремен шеф на НАСА

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше министерот за транспорт Шон Дафи за привремен администратор на НАСА, позиција што остана празна откако Трамп го повлече својот првичен кандидат.

Дафи привремено ќе го преземе раководството на вселенската агенција, која е под лупа по расправијата меѓу Трамп и милијардерот Илон Маск, кој сакаше неговиот близок сојузник Џаред Исакман да ја преземе НАСА, објави Ројтерс.

– Шон одлично ја решава транспортната криза на нашата нација.. Тој ќе биде фантастичен лидер на оваа сè поважна вселенска агенција, дури и ако е само за кратко време, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Трамп го номинираше Исакман, милијардер и приватен астронаут, за администратор на НАСА во декември, но ненадејно ја повлече номинацијата во мај, што го налути сопственикот на SpaceX, Илон Маск.

Иако Белата куќа не го објасни повлекувањето на номинацијата, Трамп подоцна рече дека е „несоодветно“ да се номинира Исакман, со оглед на работата на Маск со НАСА.

По објавата на Трамп, Исакман го изрази своето задоволство од назначувањето на Дафи и му посака среќа.

„НАСА има потреба од политичко водство од некој на кого претседателот му верува и во кого има доверба“, рече Исакман на X.

Објавата дојде откако Политико објави дека повеќе од 2.100 високо рангирани вработени во НАСА ќе ги напуштат своите работни места, бидејќи администрацијата се залага за намалување на персоналот преку предвремено пензионирање и оставки.

Под администрацијата на Трамп, американската вселенска индустрија и работната сила на НАСА од 18.000 лица се соочуваат со претстојни отпуштања, додека предложените намалувања на буџетот во НАСА се заканија да елиминираат десетици научни програми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на имотот на Трамп: Убиен 20 годишен маж

Предраг Петровиќ

Трамп: Воведувам глобални царини од 10 проценти

Горан Наумовски

Претседател на САД тврди: Постојат алтернативи на царините

Американските акции растат откако Врховниот суд пресуди против царините на Трамп

Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп

Горан Наумовски

ВИДЕО: Застој во преговорите, Трамп размислува за ограничен воен удар за да се присили Иран на договор

Катерина Ѓуровски