Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека вооружените сили на САД се соочуваат со недостиг од муниција поради воените операции поврзани со Иран, нагласувајќи дека американската армија располага со повеќе оружје и муниција отколку што ѝ е потребно.

„Имаме далеку повеќе муниција од која било друга земја во светот и многу повеќе отколку што ни е потребно“, изјави Трамп во интервју за „Волстрит џурнал“.

Во меѓувреме, на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп објави серија компјутерски генерирани (AI) фотографии со кои упати закани кон иранската енергетска инфраструктура.

Меѓу објавите се најде и слика на која се прикажани воени авиони како бомбардираат иранско нафтено постројување, со натпис „Напад врз Харг“ („Strike on Kharg“), алудирајќи на островот Харг, кој е главен терминал за извоз на иранска нафта.

Во други AI-генерирани слики, Трамп е прикажан како држи американско знаме на брод што наликува на ирански, а објави и фотографија со натпис „Збогум, машинска собо“ („Goodbye, Engine Room“), на која е прикажана експлозија на брод.

Објавите доаѓаат во период на засилени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, додека двете страни продолжуваат со остри пораки и меѓусебни закани.

Би можело да ве интересира

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија