Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно го пофали огромниот економски потенцијал на Северна Кореја, на помалку од две недели од вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Виетнам.
„Ние веруваме дека Северна Кореја и претседателот Ким имаат огромен потенцијал како економска сила”, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека едвај ја чека средбата закажана во Ханој на 27 и 28 февруари. Трамп изјави дека има многу добри односи со лидерот на Северна Кореја.