Трамп: Џејмс Коми е најлош директор на ФБИ досега

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми е најлош директор на институцијата во целата нејзина историја.

Коми претходно во интервју за Си-Ен-Ен го обвини претседателот за попречување на правдата, и ги критикуваше главниот обвинител Бил Бар и неговиот заменик Род Розенштајн како поддржувачи на претседателот. Поранешниот шеф на ФБИ, исто така, призна дека Русија има начини да изврши притисок врз Трамп.

– Џејмс Коми е срам за ФБИ и ќе биде запаметен како најлош директор во нејзината долга и некогаш горда историја. Тој го уништи ФБИ, речиси сите републиканци и демократи сметаа дека тој треба да биде отпуштен, но ФБИ ќе ја врати својата величина благодарение на големите мажи и жени кои работат таму, напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка

Трамп го најави Каш Пател за шеф на ФБИ

А1он

Уапсен е еден од најбараните терористи, ФБИ го бркаше 20 години

А1он

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп