Трамп: Дури и ако Иран се предаде, медиумите ќе пишуваат дека САД претрпеле пораз

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека дури и ако Иран се предаде на Соединетите Американски Држави, водечките американски медиуми ќе објават дека Иран всушност ја добил војната.

– Ако Иран се предаде, признае дека нивната морнарица е исчезната и лежи на дното на морето, дека нивните воздухопловни сили повеќе не се со нас, и ако целата нивна војска маршира од Техеран, со спуштено оружје и кренати раце, секој извикувајќи „Се предавам, се предавам“ додека мавта со бело знаме, и ако целото нивно преостанато раководство ги потпише сите потребни „Документи за предавање“ и признае пораз од моќните, силни и величествени САД, „Њујорк тајмс“, „Чајна стрит џурнал“ (алузија на Волстрит џурнал), корумпираниот и сега нерелевантен „Си-Ен-Ен“ и сите други членови на лажните вести ќе објават дека Иран постигнал маестрална и брилијантна победа над САД, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth social.

Според Трамп, медиумите што ги цитираше „го изгубиле патот“ и „апсолутно полуделе“.

Би можело да ве интересира

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација