(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Од:

Тензична средба преед новинарите на Трамп со Зеленски. Се вклучи и американскиот потпретседател Венс кој размени остри зборови со Зеленски.

Венс гласно разговараше со Зеленски, кој го повика Трамп да не прави компромиси со „убиецот“ и укажа на важноста на, како што го нарече, клучен безбедносен блок за гарантирање на одржливоста на каков било мировен договор за Украина.

„Се надевам дека заедно можеме да го запреме Путин, но за нас е многу важно да ја зачуваме нашата земја, нашите вредности, нашата слобода и демократија и, се разбира, нема компромис со убиец над нашата територија“, нагласи украинскиот претседател.

Американскиот претседател му рече на Зеленски дека или ќе постигнат договор или САД ќе бидат надвор од ова.

„Проблемот е во тоа што те охрабрив да бидеш тврд човек и мислам дека не би бил силен без Соединетите Држави. Твоите луѓе се многу храбри, но или ќе направиш договор или ќе излеземе од ова, а ако го направиме тоа, ќе се бориш. Мислам дека нема да биде убаво, но ќе се бориш. Картите не се во твоите раце, се однесуваш неблагодарно и тоа не е убаво, да бидам искрен“, нагласи Трамп.

Во Овалната соба, Трамп им рече на новинарите: „Јас не сум сојузник со Путин“, додавајќи дека тој е сојузник со САД и добрата иднина на светот.

Но, Трамп рече дека е „и за Украина и за Русија“.

Toj рече дека остриот пристап против рускиот претседател Владимир Путин би бил контрапродуктивен во постигнувањето мир меѓу Русија и Украина и ја отфрли загриженоста дека тој станува премногу близок со рускиот лидер.

„Па, ако не се поврзев со двајцата, никогаш немаше да имаш договор. Дали сакаш да кажам навистина ужасни работи за Путин и потоа да кажам: „Здраво, Владимир, како оди договорот? „Така не функционира. Јас не сум сојузник со Путин. Не сум сојузник со никого. Јас сум сојузник со Соединетите Американски Држави, а за доброто на светот, сојузник сум со светот и сакам ова да заврши“, рече Трамп пред украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба.

Зборувајќи за Зеленски, Трамп продолжи: „Ја гледате омразата што тој ја има кон Путин – многу ми е тешко да ги помирам со тој вид на омраза“.

„Јас сум во сојуз со светот“, додаде Трамп. „Јас сум во сојуз со Европа. Сакам да видам дали можеме да го завршиме ова.

Според извештаите од новинарите во просторијата, Зеленски, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и Трамп се вклучени во серија тензични размени на ставови.

Венс го обвини Зеленски за „непочитување“.

Трамп потоа рече дека украинскиот лидер „се коцка со Третата светска војна“.

На крајот, Трамп му вели на Зеленски дека не е многу благодарен и додава: „Ова ќе биде одлично ТВ шоу“.

Трамп на новинарите им кажа и дека денеска на прес-конференција по средбата со Зеленски, која се очекува да се одржи по 19 часот, ќе биде потпишан договор за минералите.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Израелските напади врз Иран се предавство на дипломатијата, но САД можат да ја оживеат

Лавров ги објави руските услови за мир, Трамп најави ново оружје за Украина

Катерина Ѓуровски

Разговарано е со САД за царински олеснувања, може ќе сме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови, вели Мицкоски

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82

ВИДЕО: Украинските дронови ги парализираа аеродромите во Русија

Русите се истурија на Киев и Запорожје: повредени, пожари и оштетени објекти