Трамп: Да не се заглавеше Путин во калта, неговите тенкови за пет часа ќе беа во Киев

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бара договор.

Одговарајќи на директното прашање на водителот дали го смета Путин за главна пречка за мир, Трамп го префрли фокусот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Видете, имав навистина тежок состанок со Зеленски затоа што не ми се допадна она што го кажа и не ми ги олесни работите. И секогаш велев дека нема карта во рацете. И навистина ја нема“, нагласи Трамп.

Потоа водителот го потсети Трамп дека објавил апел до Путин на неговата социјална мрежа Truth Social – „Владимир СТОП“. Сепак, Трамп рече дека Путин сака разговори и дека е уморен од војната.

„Не изгледа добро. А сака да изгледа добро. Не заборавајте, ова требаше да заврши за една недела. И да не се заглавеше во калта со своите тенкови, ќе беше во Киев за околу пет часа“, рече тој. Тој повтори дека само тој лично може да ја заврши војната.

„Секогаш сум чувствувал дека не може да има состанок без мене бидејќи тоа нема да се согласи на договор. Има премногу омраза од двете страни. Имам многу добри односи со Путин; мислам дека ќе постигнеме договор“, рече Трамп. Тој повтори дека, доколку дипломатските напори не успеат, е подготвен да прибегне кон економски притисок врз Русија.

Би можело да ве интересира

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Поранешен портпарол на украински премиер ранет во експлозија на автомобил во Москва

(ВИДЕО) Зеленски се надева на договор за прекин на огнот: Европски претставници ќе учествуваат во следната рунда преговори

(ВИДЕО) Путин: Странски трупи во Украина за нас се непифатливи и ќе бидат легитимна цел

ВИДЕО: Украинците нападна една од најголемите рафинерии во Русија