Трамп бесен по израелскиот напад врз Бејрут: „Не требаше ова да се случи“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, оценувајќи дека тој „не требало да се случи“ во момент кога, според него, САД и Иран се блиску до постигнување договор.

„Особено не требаше да се случи на ден кога сме толку блиску до мировен договор со Иран“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој истакна дека Израел има право да се брани, но оцени дека нападот на кој одговорил бил „многу мал и бесмислен“. Според Трамп, Вашингтон и Техеран се блиску до договор кој би можел да донесе стабилност во регионот, вклучително и во Либан.

Во меѓувреме, Иран ги осуди израелските напади, предупредувајќи дека тие нема да останат неказнети и дека сериозно ги загрозуваат преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.

Денеска во израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут загинаа три лица. Израел соопшти дека цел на нападот биле позиции на проиранското движење Хезболах, како одговор на претходни напади врз северен Либан.
Иран порача дека секој можен договор со САД е условен со целосен прекин на огнот во регионот, вклучително и во Либан.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

А1он

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната