Трамп бара конгресменките да им се извинат на САД и Израел

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ги нападна четирите демократски конгресменки кои ја критикуваа неговата политика, повикувајќи ги да им се извинат на САД и Израел.

-Не верувам дека четирите конгресменки се способни да ја сакаат нашата земја. Треба да им се извинат на САД и Израел за ужасните работи кои ги кажаа, полни со омраза, напиша Трамп на Твитер, а пренесоа британските медиуми.

Американскиот претседател предизвика бирни реакции кога минатиот викенд на Твитер напиша дека четири конгресмнеки, од кои три се родени во САД, треба да „се вратат во уништените и со криминал опустошени места од кои дошле“.

Американскиот Конгрес остро ја осуди изјавата на Трамп за демократските конгресменки како „расистички коментар што го озакони и зголеми стравот и омразата кон новите Американци и припадниците на другите раси“.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел