Трамп: Бајден да им се извини на Американците за Авганистан

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп смета дека актуелниот лидер Џо Бајден треба да им се извини на Американците за повлекувањето на војниците од Авганистан. Ова се наведува во изјавата на Трамп, објавена доцна синоќа.

„Џо Бајден мора да и се извини на Америка што војската да се повлече од земјата пред да заминат цивилите и дека напушти воена опрема во вредност од 85 милијарди долари“, рече Трамп.

Според републиканецот, под водство на неговата администрација, повлекувањето на американските војници не би би се претворило во катастрофа.

Во вторникот, Трамп за Фокс њуз изјави дека повлекувањето на САД од Авганистан, под раководство на Бајден, е „најголемото понижување за САД“. „Ова е нешто што ќе влијае на нашите (меѓународни) односи со децении“, оцени поранешниот американски претседател.

Талибанските борци влегоа во Кабул без борби на 15 август и воспоставија целосна контрола врз главниот град на Авганистан за неколку часа.

Би можело да ве интересира

Путин: Војната во Украина можеше да биде избегната ако Трамп тогаш беше претседател на САД

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Трамп, чекаме сигнали од Вашингтон

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп нареди објавување на документите за атентатите на браќата Кенеди и на Мартин Лутер Кинг

Катерина Ѓуровски

Медиуми: Трамп повлекува 20.000 американски војници од Европа

Куран е новиот директор на американската Тајна служба