Трамп: Ако нема договор, воведуваме царини за 2-3 недели

Од:

Американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе почне да воведува царини за земјите кои нема да постигнат трговски договори со САД во рок од „две до три недели“.

На прес-конференцијата одржана во Овалната соба, Трамп рече дека очекува САД да направат „одлични зделки“ за време на тековните преговори. „Доколку не склучиме договор со компанија или земја, им ставаме царини“, рече Трамп.

Тој додаде дека неговата администрација досега разговарала со 90 земји за трговски договори.

„Тоа ќе се случи, би рекол, во следните неколку недели, што велите вие? Мислам дека е така, за две или три недели. Ќе ставиме бројка“, изјави тој.

На 2 април, денот што го нарече Ден на ослободувањето, Трамп објави основна царина од 10 отсто за стоки од сите земји. Но, некои региони, како што се Европската унија со царини од 20 отсто и Виетнам со 46 отсто, би се соочиле со уште повисоки царини.

Сепак, на 9 април тој најави 90-дневно одложување на тие „реципрочни“ тарифи. Тој рече дека повеќето земји ќе бидат погодени со царини од 10 проценти. Во објавата на Truth Social истиот ден, Трамп рече дека ја воведува оваа пауза затоа што повеќе од 75 земји се обратиле до САД да започнат преговори и ниту една од нив не одговорила со контрамерки.

Кина, меѓутоа, не ја доби истата понуда. САД сега имаат царина од 145 отсто за кинеските производи, додека Кина возврати со царина од 125 отсто за американските производи.

Трамп уште од самиот почеток ги користи тарифите како алатка за преговори. Така, на 3 април тој изјави дека ќе биде подготвен да ги намали царините за земјите кои на САД им нудат „нешто феноменално“.

Би можело да ве интересира

Трамп му забрани на Харвард да прима странски студенти

Гренланд му зададе удар на Трамп, потпиша договор за минерали со Европа

Трамп им призна на европските лидери во приватен разговор: Путин не сака да ја запре војната

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

(ВИДЕО) Трамп скандалозно навреди новинар: Ти си за срамота, не си доволно паметен за ова

Катерина Ѓуровски

Путин му се доверил на Трамп: Спречивме терористички напади пред Денот на победата на 9 мај