Трамп: Абас и Нетанјаху се подготвени за мир

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека палестинскиот лидер Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се подготвени да направат напори за постигнување мир, но предупреди дека нема да биде лесно да се постигне договор.

– Утринава се сретнав со претседателот Абас и можам да кажам дека Палестинците се подготвени за постигнување мир. По средбата со мојот добар пријател Бенјамин, исто така, можам да кажам дека и тој сака мир. Но, постигнувањето мир нема да биде лесно. Сите го знаеме тоа. И двете страни се наоѓаат пред тешки одлуки. Но, со решителност, верба и компромис, можно е постигнување мир и Израелците и Палестинците можат да склучат договор, истакна Трамп во Ерусалим.

Истовремено, тој нагласи дека овие напори ги поткопуваат движењата Хамас и Хезболах, кои вршат ракетни напади врз израелски населени места и училишта.

Трамп додаде дека треба да се формира коалиција од партнери кои имаат иста цел за уништување на екстремизмот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази задоволство што палестинскиот претседател Абас го осудил терористичкиот напад во Манчестер. Нетанјаху изрази надеж дека тоа претставува предвесник на „вистинска промена“.

Подоцна денеска Трамп ќе замине од Израел за Ватикан.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма