Трагедија во Кентаки: Седумгодишно дете со пиштол уби две години помало другарче

Од:

Седумгодишно дете застрела и уби петгодишно дете, негово другарче во дом во источен Кентаки, а прелиминарната истрага утврдила дека пукањето било несреќен случај, соопшти денеска државната полиција.

Преземени се мерки за спасување на детето, но судскиот вештак во округот Џексон констатирал смрт на местото на настанот.

Според полицијата, истрагата продолжува, а засега не се соопштуваат имињата на инволвираните во инцидентот, пренесува Асошиејтед прес.

Досега оваа година имало повеќе од 150 ненамерни пукања од деца во САД, што резултирало со најмалку 58 смртни случаи и 101 повреден.

Кентаки нема закон кој наметнува казни за оние кои нема да обезбедат или оставаат огнено оружје без надзор.

Меѓутоа, таа сојузна држава забранува секој „намерно, свесно или непромислено“ да дава пиштол на малолетно лице, освен ако малолетникот е законски овластен да поседува пиштол.

Би можело да ве интересира

Убиен е 33-годишник на улица пред семејната куќа во Сремска Митровица

А1он

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Познат шампион е убиен во центарот на Москва

Во Бања Лука убиен е Дејан Костиќ – Дела, водач на навивачите на ФК Борац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски