Трагедија во Газа: 1.373 луѓе починале од крајот на мај додека се обидувале да набават храна

Од:

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (OHCHR) соопшти дека од 27 мај, најмалку 1.373 Палестинци се убиени додека се обидувале да пристапат до помош во храна во Појасот Газа.

Според ОН, најмалку 859 лица се убиени во близина на четири центри за дистрибуција на храна управувани од Хуманитарната фондација Газа (GHF), кои се наоѓаат во израелските воени зони и под надзор на американски приватни безбедносни фирми, објавува Би-Би-Си.

ОН вели дека поголемиот дел од убиствата биле извршени од израелската војска, иако признава дека и други вооружени групи биле присутни во зоните.

Сепак, ОН забележува дека нема докази дека овие групи биле вклучени во убиствата и дека нема информации дека Палестинците кои загинале учествувале во непријателства или претставувале закана за израелските безбедносни сили.

Израел го обвини Хамас за намерно предизвикување хаос околу пунктовите за помош, додека израелската војска тврди дека не ги таргетирала цивилите, туку само испукала „предупредувачки истрели“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жесток американско-израелски напад врз Исфахан

Катерина Ѓуровски

Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

А1он

Над 6.000 повредени во Израел

Блискиот Исток во пламен: Иран и Хутите испукаа ракети кон Израел

Израел: Воената операција во Либан може да трае со години

ВИДЕО: Хемиска фабрика погодена во Израел, прогласен е „инцидент со опасни материи“