Најмалку шест лица загинаа, а 30 се водат за исчезнати во лизгање на земјиште во градот Банос де Агуа Санта во централна Еквадор, соопштија властите.
Свлечиштето е предизвикано од силно невреме кое во неделата ги погоди Централна и Јужна Америка, а предупредувања за поплави и лизгање на земјиштето беа издадени во повеќе земји, пренесува Ројтерс.
Властите во Ел Салвадор издадоа предупредување поради обилните врнежи, а во Гватемала неколку авиокомпании ги пренасочија летовите.