Трагедија во Белгија: Воз удри во училишен автобус, има загинати

Од:

Денеска во белгискиот град Бугенхаут се случи несреќа во која загинаа неколку откако воз се судри со училишен автобус, јавува Ројтерс.

Голем број служби за итни случаи и полициски екипи беа веднаш испратени на местото на несреќата, која се случи околу 8.15 часот на железнички премин.

Точните причини за трагедијата сè уште се истражуваат, но според првичните информации, железничкиот премин бил затворен за патен сообраќај во времето на судирот.

Компанијата „Инфрабел“, која управува со железничката инфраструктура, објави дека снимките од безбедносните камери потврдиле дека рампите биле спуштени и дека семафорите биле активни (црвено светло) во времето на поминување на возот.

„Сè уште не знаеме под какви околности се случила несреќата. Ова е предмет на истрага на полицијата и обвинителството“, соопшти компанијата, додавајќи дека целосно соработуваат со надлежните органи.

Судирот се случил на околу еден километар од железничката станица Бугенхаут. Според неофицијални информации, машиновозачот ја активирал сопирачката за итни случаи, но не можел да го спречи ударот бидејќи возот веќе бил во процес на забавување за да влезе во станицата.

На железничката инфраструктура е предизвикана значителна материјална штета, но портпаролот на „Инфрабел“ нагласи дека ова е второстепено во овој момент.

„Штетата на железницата е последното нешто за кое размислуваме во моментов. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства“, соопшти компанијата.

Би можело да ве интересира

Големиот пожар од Белгија се приближува до Германија: Жителите на Моншау им е наредена

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Најмалку 19 патници се повредени во железничката несреќа во Хрватска

Горан Наумовски

Железничка несреќа во Хрватска: Со хеликоптер се превезуваат повредените во болница

Приправничка во НАТО уапсена во Белгија поради шпионажа, се сомневаат дека работела за „трета земја“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трагедија на градилиште во Брисел: Неколку загинаа, тела се пронајдени во лифт