Торнадо го погоди јужниот дел на САД, загинаа седум лица

Од:

Спасувачките тимови трагаат по луѓе заробени во текот на ноќта откако торнадо уби најмалку седум лица и предизвика голема штета во јужниот дел на САД.

Само во округот Аутага, Алабама, околу 40 милји североисточно од Селма, шест лица загинаа откако торнадото пресече патека долга 20 милји и уништи десетици домови, објави АП.

Директорот на округот за итни случаи, Ерни Багет, вели дека најмалку 12 луѓе биле толку тешко повредени што морале да бидат пренесени во болница со брза помош.

Тој додаде дека екипите сечеле дрвја во четвртокот навечер за да бараат повеќе луѓе на кои им била потребна помош и дека околу 40 домови биле уништени или сериозно оштетени, вклучително и неколку мобилни куќи кои биле разнесени.

Националната метеоролошка служба соопшти дека штетите од торнадо биле пријавени во најмалку 14 окрузи во Алабама и во пет окрузи во Џорџија, а десетици илјади клиенти останале без струја низ двете држави рано утринава. Во Селма, важен град во историјата на движењето за граѓански права, градскиот совет се состана на тротоарот користејќи светла за мобилни телефони за да прогласи вонредна состојба.

Во Џексон, Џорџија, еден патник загинал кога дрво паднало врз возило, а во Грифин, јужно од Атланта, неколку луѓе останале заробени во станбен комплекс откако дрвја паднале врз него.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

ВИДЕО: Торнадо уриваше згради како кули од карти, има загинати, 88 повредени

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски