Топлотниот бран во Пакистан веќе однесе над 450 жртви

Од:

Од високите температури што го зафатија Карачи, најголемиот град на Пакистан, и другите области во јужната провинција Санд, веќе починаа повеќе од 450 лица, денеска соопштија официјални пакистански претставници.

Според здравствените служби, најмногу луѓе умреле во Карачи, град од 20 милиони жители, каде претходните денови температурата достигнуваше и до 45 степени Целзиусови, пренесоа британските медиуми.

Во јуни 1979 година во овој град беа регистрирани 47 степени Целзиусови, што е највисоката измерена температура во Карачи. Тогаш во градот починаа повеќе од 200 лица, повеќето како последица на топлотен удар и од дехидратација.

Метеоролозите и натаму предвидуваат топло време, а дури кон крајот на неделата се очекува мало разладување.

Покрај врелината граѓаните на Карачи имаат проблеми и со честите исклучувања на струјата заради што во повеќе населби се одржани протести.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф ги предупреди електричните компании дека нема да го толерира исклучувањето на струјата во текот на Рамазан – месецот на пост.

Универзитетот во Карачи заради високите температури за еден месец ги одложи сите испити на факултетите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица