Топлотен рекорд стар 111 години надминат во Чешка

Од:

Тропските горештини што ја зафатија Чешка придонесоа за надминување на топлотни рекорди на повеќе метеоролошки станици во Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Со измерени 35,7 степени Целзиусови, најтопло беше во Враж у Писку во југозападниот дел на земјата, а во местото Табор на југ со 35,1 степени беше надминат рекордот од 1904 година, кога пред 111 години била измерена температура пониска за 4,7 степени Целзиусови.

– Топло беше и на Шумава (планински венец на чешко-германско-австриската граница) на 1.018 метри надморска висина со 28 степени. Најголема топлинска разлика доживеаа жителите на Квилда каде утрото беше два степени, а на пладне 28,7 степени Целзиусови – велат од Чешкиот хидрометеоролошки завод.

Според прогнозата, намалување на температурите се очекува утре попладне.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина