Топењето на снегот и поројните дождови предизвикаа поплави на југот од Франција

Од:

Метеоролошката служба на Франција прогласи највисок степен на тревога јужните делови на Франција, поточно по теченеието на реката По, но исто така и на горниот дел на реките Гарона и Адур, кои се излеаа поради брзото топење на снегот и поројните дождови, јавува дописникот на МИА од Париз.


Спасувачките служби евакуираа илјадници лица кои беа во хотелите по течението на реката Гав, а повеќе споредни и магистрални патишта се под вода околу Лурд.


Во Горна Гарона се евакуирани околу 450 лица во околината на Лушон, исто како и сите жители на селото Сант-Беа. Евакуирани се повеќе кампови. Додека југозападниот дел на Франција е под поројни дождови, истокот се најде директно во горештини. Во Стразбур денес се измерени 36 степени Целзиусови блиску до рекордот од 37 степени регистриран во јуни 1947 година.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина