Тони Абот повторно побара помилување на своите сограѓани во Индонезија

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот потврди дека во средата навечер имал телефонски разговор со индонезискиот претседател Јоко Видодо во нов обид да издејствува помилување на двајца Австралијци, нарко дилери, осудени на смрт во Индонезија.

Егзекуцијата на двајцата Австралијци и уште деветмина други осудени била планирана за февруари, но е одложена без официјално соопштение за причините.

Австралиските медиуми пренесуваат дека премиерот Абот по разговорот со Видодо, кого го нарекол „мојот пријател Јоко“, изјавил дека очекува омекнување на тврдиот индонезиски став за најстрого казнување на нарко дилерите.

Од друга страна, во Индонезија нема никакви информации за тоа што ветил или одбил претседателот на Индонезија.

Денешните весници во Џакарта пренесоа информации, според кои, затворските власти во градот Чипанг, каде што треба да се изврши казната со стрелање, порачале најмалку 10 ковчези.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Индонезија: Најмалку 19 загинати во лизгање на земјиште

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт