Односите меѓу Јапонија и Јужна Кореја се во „многу лоша состојба“ и Токио ќе продолжи да го повикува Сеул да преземе соодветни акции за низа прашања кои ги нарушија билатералните врски, изјави портпаролот на јапонската Влада Јошида Суга.
Јапонија вчера вложи протест до Јужна Кореја и Русија откако јужнокорејски борбени авиони пукале за предупредување кон руски воен авион.
Јужна Кореја и Јапонија претходно идентификувале два кинески бомбардери Х-6 и два руски бомбардери ТУ-95 како авиони кои летале во воздушниот простор над остров врз кој полагаат право и Сеул и Токио.
Јапонија и Јужна Кореја исто така имаат несогласувања и околу извозните ограничувања кои Токио ги воведе на некои високотехнолошки материјали наменети за Јужна Кореја.