Токио објави нови санкции кон Русија

Од:

Јапонската влада денеска објави нови санкции кон Русија поради ситуацијата во Украина. Тие предвидуваат времен прекин на издавањето визи за 23 претставници на официјалните структури на Руската федерација и други лица.

Санкциите се воведуваат во рамките на колективната одлука, донесена од шефовите на седумте економски најразвиени земји.

На 18 март Јапонија воведе прв пакет санкции кон Русија поради позицијата на Москва за Крим.

Санкциите тогаш предвидуваа прекин на преговорите за склучување на безвизен режим и замрзнување на почетокот на преговорите за евентуално склучување на три договори, пренесува ИТАР-ТАСС.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина