Токио го замрзнува финансирањето на УНЕСКО и ја обвини организацијата за пристрасност

Од:

Јапонската Влада соопшти денеска дека го замрзнува финансирањето на УНЕСКО во знак на протест поради решението на Организацијата да вклучи документи за масакрот во кинескиот град Нанџинг од 1937 година на Листата на светско културно наследство.

Одлуката да се замрзне јапонскиот придонес во буџетот на Организацијата е донесена по комплексната оценка на различни фактори, изјави на прес-конференција во Токио јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишада.

Јапонија уште во октомври минатата година најави дека е можно да го скрати финансирањето на УНЕСКО. Тоа би било тежок удар врз УНЕСКО, со оглед на тоа дека Токио обезбедува 10,8 отсто од буџетот.

На предлог на Кина лани на Листата на програмата за заштита на светското документирано наследство беа вклучени и архивните материјали за активностите на јапонската армија во 1937 година, по нападот врз Нанџинг, кој тогаш беше кинески главен град.

Токио го признава фактот за масовните репресии во Нанџинг, но смета дека за бројот на жртвите нема потврдени податоци и по прашањето има различни мислења.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски