Токио: Дејствата на Пјонгјанг веќе се помалку провокативни

Од:

Јапонската Влада смета дека однесувањето на Северна Кореја во последните денови станале „помалку провокативни“, изјави на прес-конференција во Токио генералниот секретар на Владата Јошихиде Суга.

– Тешко е да се определи дали Северна Кореја ќе истрела балистички ракети. Но сега таа прави помалку провокациски дејствија, нагласи Суга.

Минатиот месец Пјонгјанг соопшти дека се повлекува од договорот за примирје на Корејскиот полуостров и се закани со напади врз Јужна Кореја, американските воени бази во реонот и самата територија на САД.

На источниот брег на земјата беа поставени мобилни инсталации со балистички ракети од различен вид. Но во последните денови, како што покажуваат набљудувањата, севернокорејските мобилни инсталации ги прекинаа своите маневри.

Некои експерти претпоставуваат дека Пјонгјанг може постепено да се врати на дијалогот, поточно на шестстраните преговори за прекин на неговата нуклеарна програма.

Но и покрај се, јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера денеска нагласи дека засега нема најави за намалување на степенот на борбена готовност и дека вооружените сили на земјата ќе продолжат внимателно да ги следат дејствата на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила