Тинтин наполни 84 години

Од:

Еден од најпопуларните европски стрипови на сите времиња „Авантурите на Тинтин“, првпат е објавен во детскиот додаток на белгиското списание „Дваесети век“ на 10 јануари 1929 година.

Серијата стрипови на белгискиот уметник, Жорж Реми (1907 – 1983) кој работеше под псевдоним Ерже, е објавена на повеќе од 50 јазици, а повеќе од 200 милиони примероци продадени се до сега.

Реми беше комплетен автор, односно пишуваше сценарија и црташе стрипови, а исто така ги истражувал локациите за што поверодостојно да ги долови „местата“ до кои Тинтин стасувал.

Од дамнешната 1929 година па до 1983 година кога почина Ерже, излегоа 23 стрипа, а дополнително излега уште седум стрипови, кои не беа нацртани од самиот автор.

За авантурите на бестрашниот новинар, кој секогаш е со неговото куче Снешко, снимени се и филмови, документарци, цртани филмови, а реализирани се и театарски претстави. Според Тинтин, тука се и капетанот Хадок, професор Сончоглед, детективите Дипон и Дипон и многу други.

Интересен е фактот што Брисел е најверојатно единствен град во светот кој има музеј посветен на лик од стрип – не забавен парк, туку вистински музеј подигнат нему во чест.

Колонијалната свест на белгиското општество, водена од верата во позитивна, цивилизациска странска колонизација е остварена во Ержеовиот карикатурален приказ на црнецот од Конго, со голема уста и обетка во носот, кој се поклонува пред католички свештеник.

Самиот Ерже, многу години подоцна (кон почетокот на 70-те) во интервјуата ќе признае дека се раководел од претставата која постоела во белгиското општество за колонизацијата.

Политичкиот аспект на неговата работа е доведен во прашање на крајот на Втората светска војна. Тогаш весникот „Соар“ престана да ги објавува Ержеовите цртежи затоа што авторот во текот на војната работел во списание кое беше под контрола на германските окупатори.

Веќе во 1946 година, меѓутоа, излегува првиот број на списанието „Тинтин“ како нов неделник за млади кој го покрена Ремон Леблан, поранешен припадник на белгиското движење на отпорот. Меѓународниот успех стигнува кон крајот на 50-тите, после епизодата „Тинтин на Тибет“, која е адаптирана и за големиот екран.

Меѓу најуспешните албуми, со кои Ерже го заслужи статусот на еден од најголемите европски цртачи на стрип се „Син лотос“, до кој дојде по дружењето со кинески пријатели, или „Одевме по месечината“, кој ги следи авантурите на Тинтин во Вселената, поради што една ѕвезда меѓу Марс и Јупитер подоцна е наречена по негово име.

Во декември, минатата година режисерот Питер Џексон потврди дека снимањето на продолжението на филмот „Тинтин“ ќе почне оваа година, и дека се очекува на филмските платна наредната година. Исто така, за популарноста на Тинтин сведочи и фактот дека оригинални кориците за стрип изданието „Тинтин во Америка“, кое го илустрираше Ерже во 1932 година, продадени се на аукцијата минатата година во Париз за 1,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“