Тинејџер е избоден до смрт по роденденска забава во северозападен Лондон

Од:

17-годишен тинејџер бил избоден до смрт по роденденска забава во северозападен Лондон, соопшти полицијата.

Во инцидентот што се случи синоќа околу 23 часот и 30 минути по локално време, повреден е и негов врсник, како и една девојка на возраст од дваесет години која се здобила со повреда на раката.

„Претпоставуваме дека дошло до тепачка по роденденска забава на која учествувале повеќе лица“, објави главниот инспектор Марк Роџерс од Метрополитен полиција и ги повика сите присутни да контактираат со полицијата и да објаснат што точно се случило.

„Работиме со колегите од сите релевантни институции за да ја спроведеме и решиме истрагата што е можно побрзо и темелно“, рече главниот инспектор Ден Ноулс, шеф на командата во северозападен Лондон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски