Тинејџер во Франција уби три лица

Од:

Во јужна Франција, во близина на градот Марсеј, денес еден тинејџер уби три лица, откако отвори оган од автоматско оружје врз автомобили и минувачи, соопшти полицијата по приведување на убиецот.

Една од жртвите била погодена во својот автомобил, додека другите две жртви се случајни минувачи.
Полицијата во близина на местото на настанот пронајде автоматска пушка од видот на калашников, за која се претпоставува дека му припаѓа на тинејџерот.

Осомничениот, според анонимен извор на полицијата и е познат поради поседување на оружје и има историја поврзана со психијатриски проблеми.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано