Тимоние: Јасно да се утврди одговорноста за настаните во Собранието

Од:

Од суштинско значење е јасно да биде утврдена одговорноста за неприфатливото насилство што беше направено во Парламентот и да се постапува во согласност со владеењето на правото, почитувањето на правото на одбрана, имунитет и презумцијата на невиност, без што ниту една демократија не може да функционира, вели амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние во изјава за МИА.

– Како сведок на настаните од 27 април, сметам дека е од суштинско значење јасно да биде утврдена одговорноста за неприфатливото насилство што беше направено во Парламентот, а кое можеше да предизвика човечки жртви меѓу народните избраници. Исто така, важно е да се постапува во согласност со владеењето на правото, почитувањето на правото на одбрана, имунитет и презумцијата на невиност, без што ниту една демократија не може да функционира. Ова е во духот на промените што ги најави новата Влада и ние сме убедени дека таа ќе знае да извлече поука од научените лекции од минатото и од однесувањето што ја кочеше Македонија на патот кон европската интеграција, вели амбасадорот Тимоние во врска со приведувањето на пратеници за настаните во Собранието од 27 април.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски