Тилерсон: Наскоро на Катар ќе му биде доставена листа со барања

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека се надева оти арапските земји, вклучени во дипломатскиот судир со Катар, наскоро на Доха ќе и ја достават листата на „разумни и изводливи“ барања, со цел кризата „да напредува кон резолуција“.

– Информирани сме дека се подготвува листа со барања и дека во нејзината подготовка учествуваат Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Египет и Бахреин. Се надеваме дека листата со барања наскоро ќе му биде доставена на Катар и дека таа ќе биде разумна и изводлива, посочи Тилерсон.

Тој додаде дека САД ги поддржуваат посредничките напори на Кувајт во решавање на кризата.

Изјавата на Тилерсон уследи еден ден откако Стејт департментот соопшти дека државите од Персисикиот Залив се уште не соопштиле зошто ги прекинаа дипломатските односи со Катар.

Би можело да ве интересира

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он