Тилерсон: Кина ја предупреди Северна Кореја дека ќе и воведе санцкии

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон наведе дека Кина ги известила САД оти го предупредила Пјонгјанг дека на земјата ќе и воведе „сопствени санкции“ доколку таа повторно изведе нукеларна проба.

Тилерсон за „Фокс њуз“ изјави дека разузнавачките податоци на САД навестуваат дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун „не е луд“, укажувајќи дека тој би можел да биде „рационален актер“, со кој би можело да се преговара во момент кога меѓународната заедница се обидува да ги спречи нуклеарните и ракетните програми на Пјонгјанг.

Коментарните на Тилерсон наведуваат кон тоа дека напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се состана со неговиот кинески колега Си Џипинг претходно месецов, можеби „вродиле плод“ во облик на најостри закани на Кина досега упатени кон Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Американската војска започна депортација на мигранти, два авиони ги превезуваат првите групи во Гватемала

Предраг Петровиќ

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити