Тихановскаја: Со тешко срце си заминав од Белорусија

Од:

Опозициската кандидатка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја денеска потврди дека донела „тешка одлука“ да ја напушти земјата, каде се врши репресија врз протестното движење по неделните спорни претседателски избори.

– Сама ја донесов одлуката… и знам дека многумина ќе ме осудат, многу че ме мразат, истакна Тихановскаја.

Претходно, изборниот штаб на Тихановскаја соопшти дека белоруските власти ја принудиле опозициската кандидатка да ја напушти земјата и покрај демонстрациите против наводната победа и реизборот на Александар Лукашенко.

– Властите ја изведоа од земјата, немаше избор. Само пет минути пред упадот на полицијата разговаравме за следните чекори и планови. Бидете убедени дека не планираше да ја напушти земјата, изјави соработничката на Тихановскаја, Олга Ковалкова.

Изборниот штаб не успеал да стапи во контакт со Тихановскаја се до денеска кога е потврдено дека и се придружила на своите деца во Литванија.

Комитетот за државни граници на Белорусија потврди дека Тихановскаја ја напуштила Белоруисија.

Претходно, шефот на литванската дипломатија Линас Линкевисијус изјави дека Тихановскаја пристигнала во Литванија.

– Пристигна во Литванија и е безбедна, посочи Линкевисијус.

Во Белорусија синоќа, втора вечер по ред, полицијата ги растера демонстрантите кои протестираа против изборната победа на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година.

Демонстрациите и судирите со полицијата почнаа во неделата вечерта, по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои Лукашенко доби над 80 отсто од гласовите и го освои шестиот мандат.

 

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина