Тибеќанка се самозапали поради репресивната кинеска политика

Од:

Тибеќанка, мајка на две деца, се самозапали во знак на протест против репресивната политика на кинеските власти, објави една тибетска организација со седиште во странство.

Сангуе Тсо (30) изврши самозапалување пред една владина зграда во градот Жуни, во провинцијата Гангсу, објави невладината организација „Интернешанл Кампејн фор Тибет“.

Радиото „Фри Ејжа“ објави дека жената се самозапалила пред полициска станица.

Од 2009 година досега во знак на протест се самозапалија најмалку 140 жители на Тибет. Голем број Тибеќани се противат на растечката доминација на народот Хан, кој е мнозински во Кина и задушувањето на тибетската религија и култура.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски