Заменик-претседателот на Европскиот парламент, Александер Алваро (37) тешко е повреден во сообраќајна несреќа која се случи денес, во западна Германија, соопшти портпаролот на Европските либерали.
-Известен сум за тешката несреќа во која е повреден Алваро и шокиран сум. Во свое име и во името на колегите од Европскиот парламент му посакувам бргу да заздраве – истакна претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулиќ.
Алваро е член на германската партија на Слободни демократи.