Тешки зборови од Белата куќа: Бајден го нарече Путин „бездушен човек и убиец“

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „наскоро ќе ги почувствува последиците поради директното мешање во претседателските избори во САД во 2020 година, со цел резултатот да биде во корист на неговиот противкандидат Доналд Трамп“.

– Ќе ја плати цената, а какви ќе бидат последиците, ќе види наскоро, изјави Бајден за Еј Би Си Њуз.

Тој ја даде изјавата откако беше објавен извештај на разузнавачките служби, во кој се потврдуваат обвинувањата дека самиот Путин стои зад мешањето на Русија во изборите. Русите возвратија дека станува збор за неосновани обвинувања.

Бајден истакна дека го познава Путин релативно добро, а според неговото искуство со странски официјални лица, најважно е да го познава соговорникот. Тој, исто така, нагласи дека Путин е бездушен, а на прашањето дали смета дека рускиот претседател е убиец, тој одговори потврдно.

– Да, го мислам тоа, одговори кратко Бајден за Еј Би Си Њуз.

Истовремено, американскиот претседател потсети дека постојат прашања од заеднички интерес, за кои тие можат да соработуваат, како што е продолжувањето на нуклеарниот договор СТАРТ.

Би можело да ве интересира

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

ВИДЕО: Путин и Си Џинпинг разговараа неколку часа по инагурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство