Тешка сообраќајка несреќа во Италија, загина наставничка, неколку ученици се повредени

Од:

Автобус што превезувал ученици удрил во камион на автопатот Педемонтана во близина на Ломак, во Комо (Италија). Камерите на автопатот го снимиле судирот, при што е откриено дека возачот на автобусот не закочил, туку удрил во камионот пред него. Во сообраќајката 43-годишна наставничка починала на самото место, додека две деца се повредени.

Во судирот потоа учествувале уште четири возила кои се движеле во иста насока. Во несреќата се повредени 27 деца, на возраст меѓу 6 и 9 години, кои биле во автобусот, двајца наставници (едниот починал на лице место) и возачот на автобусот. Возачот на камионот е неповреден.

Судирот бил силен и предизвикал облак од прашина што дополнително ја намалил видливоста на возилата што доаѓаат од спротивната насока.

Автобусот превезувал 27 ученици од прво и четврто одделение од основното училиште „Г. Пасколи“ од покраината Варезе, која припаѓа на училишниот институт во Азате. Децата се враќале дома од екскурзија, придружувани од две наставнички. Една од нив која неодамна добила постојано работно место во училиштето, седела во првите редови и била заробена во автобусот. Пожарникарите ја извлекле, но таа веќе била мртва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Трамвај излета од шините, најмалку двајца загинаа, а 38 се повредени

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Хорор сцена во Италија: Непознат човек се обиде да киднапира 18-месечно дете, родителите го спречија

Горан Наумовски