Терористот од Виена се пофалил со напад на своите пријатели, уапсен е и 18-годишник од Ирак

Од:

Главниот осомничен за планирање на нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена, наводно имал намера со својот автомобил да влета во толпа обожаватели со цел да убие што повеќе луѓе, покажале резултатите од истрагата, пишува германската агенција dpa. 19-годишниот маж имал намера да употреби експлозивна направа и ладно оружје за да го изврши нападот до стадионот Ернст Хапел, каде што требаше да настапи американската суперѕвезда, соопштија истражителите. Според полицијата, осомничениот во целост ја признал вината.

Три концерти на Свифт во Виена беа откажани поради безбедносни причини, разочарајќи десетици илјади фанови.

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека е уапсен и 18-годишен маж од Ирак, кој се заколнал на верност на терористичката група Исламска држава. Министерот додаде дека 18-годишникот патувал со главниот осомничен, но не бил директно вклучен во планирањето на нападот. Двајцата млади луѓе случајно се познавале, изјавија официјални лица.

19-годишникот беше уапсен во средата, заедно со уште еден осомничен, неговиот 17-годишен пријател кој работел како градител на сцена и скеле на концертното место. Иако најстарото момче признало, a најмладото одбило да разговара, велат официјалните лица. Регионалниот суд во Виена во петокот на двоецот му одреди притвор до 23 август поради опасност од извршување кривично дело, објави портпаролката на судот.

Против осомничените се води истрага за членство во терористичка и криминална организација. Тие се обвинети дека се поврзани со Исламската држава и дека ги усвоиле нејзините цели и намери, изјави портпаролката на јавното обвинителство за австриската новинска агенција АПА.

Главниот осомничен им навестил на двајца пријатели дека има намера да изврши терористички напад, објави АПА. Кога ја напуштил работата во хемиска компанија, спомнал дека има „големи планови“ и дека наводно ги украл хемикалиите потребни за да се направи бомба од неговиот поранешен работодавец.

Инспекторите соопштија дека младиот човек покажувал знаци на психолошка нестабилност.

Илјадници обожаватели на Свифт се собраа во Виена да ги пеат песните на американската мегаѕвезда, да ги разменат своите познати „нараквици за пријателство“ и да се фотографираат. Некои места нудеа бесплатни пијалоци на обожавателите како утеха за откажаните концерти.

Трите планирани концерти во Виена се распродадоа многу брзо во летото 2023. Се очекуваше на концертите да дојдат околу 170.000 луѓе, а многу од нив веќе беа во градот кога организаторот ги откажа настапите. Самата Свифт се уште не ги коментирала настаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп со Тејлор Свифт: Вештачката интелигенција создаде хаос

Горан Наумовски

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

Трамп призна: Ја мразам Тејлор Свифт!

A1on

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи

Тејлор Свифт е најнаградуваниот уметник во историјата на MTV VMA наградите

Тејлор Свифт ја поддржува Камала Харис

Горан Наумовски