Тејлор Свифт, една од најпознатите светски музички ѕвезди, го зазеде второто место на листата на најголеми поп ѕвезди на 21-от век според „Билборд“, што предизвика незадоволство кај нејзините обожаватели. „Билборд“ предвиде дека одлуката ќе предизвика контроверзии, но истакна дека второто место е само уште еден показател за нејзината извонредна моќ и влијание.
Првото место на листата се уште не е официјално откриено, но многумина веруваат дека ќе и припадне на Бијонсе, што предизвика тензија меѓу обожавателите на двете пејачки.
„Билборд“ го наведе фактот дека Свифт ја започнала својата кариера многу подоцна од уметникот на првото место, и во различен музички жанр и временски контекст.
Ова објаснување не ги смири страстите. Обожавателите на Свифт се огласија на социјалните мрежи за да го изразат своето незадоволство, нарекувајќи го списокот „шега“ и тврдејќи дека нивниот омилен пејач бил „украден“.
„Таа заслужува да биде број еден“, „Ова е срамно“, „Ако Тејлор е осма на листата на најголеми уметници на сите времиња, како тоа не е број еден овој век?“ се само дел од коментарите.
Од друга страна, некои застанаа во одбрана на Бијонсе, истакнувајќи го нејзиното влијание врз музичката индустрија, културата, продажбата и освојувајќи бројни награди.
„Само затоа што Тејлор Свифт ги реобјавува своите албуми не ја прави најголемиот уметник. Бијонсе донесе иновации во различни жанрови, од R&B и кантри до денс музика“, гласи еден коментар.
View this post on Instagram
Дискусијата не застана само на расправии. Обожавателите на Тејлор Свифт се потсетија на нејзините достигнувања, вклучително и освојувањето на 14 Греми и најголемата концертна турнеја во историјата, додека обожавателите на Бијонсе го истакнаа нејзиното долгогодишно влијание врз музичката индустрија и нејзината улога како пример за многу музичари.
И покрај конфликтот меѓу обожавателите, некои се обидоа да ги смират тензиите потсетувајќи дека Тејлор и Бијонсе се пријателки кои во неколку наврати јавно се поддржувале.