Терористот кој изврши во јануари атентат во супермаркетот во Париз, добивал упатства по електронска пошта

Од:

Според БФM ТВ, упатствата за делување Амеди Кулибали, терористот од суперемаркетот „Хипер Кашер“ во Париз, ги добивал преку електронска пошта; Истражните органи ја пронајдоа на неговиот компјутер, во која му се советува: „да оди на поедноставно и побезбедно и да почне неколку пати“. Оваа порака, како што пренсува дописникот на МИА од Париз, најверојатно, била напишана од Сирија.

– Според сите претпоставки, Амеди Кулибали, има добиено упатства од странство, изјави уште во мај Париз обвинителот од Париз Франсоа Молан. Според БФM ТВ, инспекторите всушност пронајдоа во компјутерот на терористот, инструкции кои најверојатно биле испратени од дописник со седиште во Сирија.

Напишани на лош француски јазик, пораката е пратена на 8 јануари, 2015 година во 5:21, неколку часа по убиството на еден полициски службеник во Монтруж од страна на Амеди, а ден по нападот на браќата Куачи против Шарли Ебдо. На електронската порака му советува на терористот “да работи сам”, “да оди на полесно и побезбедно” и “да го повтори на неколку пати.” За изборот на целта, наредбодавачот му остава одврзани раце “Може широкиот појас, ако има проблем во центарот. Ти најдобро знаеш”. Еден ден по добивањето на оваа порака, Амеди Кулибали ќе влезе во Хипер Кашер маркетот во Порт де Винсен, и убива четири лица, пред да биде застрелан од полицијата.

Наредбодавачот исто така, му нареди на Амеди Кулибали да се приближи до соучесниците – браќата Куачи не се јасно посочени и со барање да направи видео. “Ако е можно, да се најде и да работат со „зигото“ да се даде објаснување во видеото дека инструкциите се во името на ” д” .

БФM ТВ се запрашува дали “Д” е име код за Исламската држава или Даеш. Во постхумен видео, Амеди Кулибали тврди дека неговите акции се во името на исламската држава и тврди дека ги финансирал браќата Куачи.

Наредбодавачот се чини, исто така, алудира на девојката на Амеди Кулибали, Бумедиен Хајат, која отиде во Сирија, неколку дена пред нападот. Нардбодавачот гарантира дека тој ќе се грижи за неа. Како што се бара во пораката, Амеди Кулибали го избриша мејлот по примот во 01:30.

Да се најде трагата од каде доаѓа пораката не е лесно. Испраќачот е веројатно со седиште во Сирија и беше внимателен да не користи било кој збор што би можеле да имаа предупредувачка содржина за француските разузнавачки, користи лажен профил кој минува преку електронска адреса со седиште во САД. Францускиот правда, според БФМ ТВ побарала помош од Вашингтон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа