Терористички напад во Мексико, загинаа и деца: „Тоа е нешто што досега не сме го виделе овде“

Од:

Мексиканските власти објавија дека осум импровизирани експлозивни направи биле поставени на пат во државата Халиско, од кои седум експлодирале додека минувал полициски конвој.

Загинаа четворица полицајци и двајца цивили, а повредени се 12 лица, меѓу кои три деца на возраст од 9, 13 и 14 години.

„Тоа е нешто што никогаш порано не сме го виделе овде“, рече гувернерот на Халиско, Енрике Алфаро, кој е на чело на една од најнасилните држави во Мексико, со 1.095 убиства и 750 исчезнувања од почетокот на годината.

Гувернерот го осуди бруталниот чин на тероризам кој претставува предизвик за целата мексиканска држава.

Во Мексико нападите со експлозиви сè уште се релативно ретки.

Главниот обвинител на државата Халиско, Луис Мендез изјави дека експлозиите биле толку силни што оставиле кратери на патот и уништиле најмалку четири возила.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД