Терористички напад во Брисел, убиен полицаец

Од:

Белгиски полицаец синоќа им подлегна на повредите по напад со нож во близина на железничката станица во Брисел, а инцидентот го истражува Федералното обвинителство задолжено за случаите на тероризам, јави Скај Њуз.

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека двајца полицајци биле цел на инцидент во близина на северната станица во Брисел. Претставник на судот изјави дека постои „сомнение за терористички напад“.

-Го презедовме случајот бидејќи постои сомневање за терористички мотив за нападот, што ќе биде утврдено во истрагата, изјави за француските медиуми Ерик Ван Дујсе, портпарол на белгиското Федерално обвинителство.

Според белгиските медиуми, полицаецот бил прободен со нож во вратот, а мотивот за нападот се уште не е утврден. Осомничениот, кој бил ранет од друг полицаец, бил уапсен и пренесен во болница. Цел на нападот биле двајца полицајци. Едниот им подлегнал на повредите, а другиот е ранет.

Според информациите на различни медиуми, мажот извикал „Алаху Акбар“, но оваа информација се уште не е официјално потврдена од обвинителството. Напаѓачот е убиен, јавија локалните медиуми. Тој наводно бил застрелан во нозете и стомакот.

Нападот се случи синоќа околу 19:15 часот по средноевропско време во бриселската општина Шаербек, во областа Гаре ду Норд.

Локалните медиуми јавуваат дека наоаѓачот претходно вчера вил приведен во полициската станица во Евере каде се заканил дека ќе ги убие полицајците. Потоа бил сослушан и ослободен.

Во рамките на истрагата беа затворени неколку улици, а градоначалникот на Брисел Филип Клоус го коментираше нападот: „Ужасна драма вечерва во Брисел. Се солидаризираме со полицијата. Полицијата не штити, но и таа мора да биде заштитена. Моите мисли се со семејствата и нивните колеги“.

Белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден на Твитер ја осуди „страшната трагедија“ и „неприфатливото насилство“.

Премиерот Александар Де Кро му оддаде почит на убиениот полицаец и на целата служба „кои секојдневно ги ставаат своите животи во ризик за да ги заштитат нашите граѓани. Искрено се надевам дека неговиот колега, кој е во болница, ќе закрепне“, додаде тој.

Во Белгија во последните години се регистрирани неколку напади врз припадници на војската и полицијата, а најголемиот напад беше изведен во 2016 година кога 32 лица беа убиени во напади на џихадистите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски