Франција повторно стравува од можен терористички напад, откако над Париз се забележани најмалку пет дронови, за кои властите не знаат од каде дошле и која е нивната намера.
Леталата биле регистрирани над Ајфеловата кула, плоштадот Бастиља, воениот музеј во кој е погребан Наполеон Бонапарта, како и околу американската амбасада во главниот град на Франција.
За прв пат дроновите биле забележани околу полноќ помеѓу понеделник и вторник, поради што веднаш се алармирани безбедносните служби, меѓутоа тие не успеале да откријат од каде доаѓа сигналот за беспилотното летало кое набргу се изгубило без трага.
-Тоа би можело да биде добро организирана и координирана акција – вели неименуван извор од службите за безбедност.
Е. Г.