Терористи облечени во проповедници убиле 24 лица

Од:

Припадници на Боко Харам, облечени како проповедници, убиле најмалку 24 лица, а неколку повредиле во напад во близина на џамија на североисток на Нигерија.

Тие во недела навечер со автомобили пристигнале во селото Кваџафа и собрале група луѓе во една џамија, под изговор дека ќе проповедаат ислам, по што отвориле оган врз нив, рекол Симеон Буба еден од очевидците.

Инаку Боко Харам е организација која промовира верзија на исламот со која им се забранува на муслиманите да учествуваат во какви било политички или општествени активности, кои имаат врска со Запад.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он