Тереза Меј: Ниту ЕУ ниту Велика Британија ќе добијат во преговорите се што сакаат

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска нагласи дека е блиску до договор со Европската унија за условите со кои ќе се реализира Брегзит.

Во говор на темата, Меј рече дека периодот за имплементација треба да биде временски ограничен и не може да е постојано решение. Но, од витално значење е владите, бизнисите и граѓаните да добијат време за се подготват за новата врска, рече таа.

– Ниту ЕУ ниту Велика Британија ќе добијат се во преговорите што побарале, призна Меј.

Таа очекува реципрочниот пристап до пазарите да се намали по Брегзит.

Меј нагласи дека за идните трговски врско со Унијата, државата нема да го примени ниту канадскиот ниту норвешкиот модел на односи со ЕУ.

Отфрлен е предлогот на Северна Ирска да остане дел од царинскиот сојуз со цел гарантирање дека нема да има „тврда“ граница со Ирска по Брегзит, бидејќи, според неа, ќе се урне заедничкиот пазар во Велика Британија што е неприфатливо.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија