Тереза Меј е новиот премиер на Велика Британија

Од:

Досегашната британска министерка за внатрешни работи Тереза Меј официјално стана премиер на Велика Британија, соопшти Бакингамската палата.

Таа беше примена од кралицата Елизабета Втора, која и додели мандат за состав на нова влада.

– Планирам да ја водам Британија во истиот дух како и Камерон, истакна Меј по именувањето на премиерската функција.

Претходно кралицата Елизабета ја прифати оставката на Дејвид Камерон од премиерската позиција.

Се очекува новиот британски премиер, 59-годишната Меј во брзо време да го претстави својот кабинет.

Камерон поднесе оставка по одржаниот референдум на 23 јуни за иднината на Велика Британија во ЕУ, на кој Британците изгласаа излез на земјата од Унијата.

Веднаш потоа следеа избори за наследник на Камерон на чело на владејачката Конзервативна партија и за иден премиер. Тереза Меј остана единствениот кандидат, откако останатите претенденти испаднаа или се повлекоа од трката

Би можело да ве интересира

ДПА: Фредерика Могерини, Тереза Меј, Марк Руте, Клаус Јоханис меѓу кандидатите за иден шеф на НАТО

А1он

Сомнителен пакет пронајден во близина на Кабинетот на Тереза Меј

Тереза Меј се обидува договорот за Брегзит по четврти пат да го стави на гласање

Британскиот Парламент повторно го отфрли договорот за Брегзит

Британскиот Парламент по третпат ќе гласа за Договорот за Брегзит

Би-Би-Си: Меј ќе поднесе оставка кога ќе се финализира Договорот за Брегзит